ЉУПЧО ПЕТРОВСКИ

Битола, Р. Македонија. Далечната 1992 година го остварувам првиот контакт со видео камерата која понатаму е неизбежна алатка во остварувањето на моите идеи и желби во аматерскиот филм. Автор на преку 45 кратки, документарни, експериментални и играни филмови. Стекнато звање Мајстор на аматерскиот филм на Кино сојузот на македонија од 2016 год. Живее и работи во Шведска.