Денес, кога славиме 140 години од раѓањето на Милтон Манаки, co право Битола го носи предикатот - Филмски град на УНЕСКО. Ние, Кино клубот „Студио Милтон Манаки“ кој е организатор на ФАДФ „Камера 300“, co право се гордееме на оваа титула. Имено,клубот, односно Фестивалот одамна е под заштита на УНЕСКО благодарение и на патронатот на УНИКА, која исто така е под закрила на оваа светска организација. Покрај нашиот фестивал кој е носител на повеќе филмски манифестации, Битола има и други активности на планот на филмот и филмската култура како што се:
Интернационален филмски фестивал на кинематограферите "Браќа Манаки", кој годинава одбележува 41 годишен јубилеј, а тука секако се разни активности и презентации во рамките на фестивалот. Посебно треба да се истакне активноста во Битола која ја имаат многубројните продуцентски куќи од земјата и странство кои снимаат филмови во Битола и пошироката околина, co што Битола е отворено филмско студио преку кое голем број на битолчани се учесници како статисти, артисти (од Битолскиот театар) како и други помошници во успешноста во реализацијата на филмовите.
КАМЕРА ТРИСТА
Вековите сe гледаат во окото
на огледало од топла вечер
во платно бело на варосан ѕид,
се гледаат и луѓето
во времето што мина,
Милтоне Манаки!
Чекорот и дишењето се пламен,
во душата адресата е Балкан:
пред обидот за постоење и татковина
треба да се снима сo бои на ведро поле,
сокаци на јунаштво и зрело грозје,
вода на богати реки и мали плоштади.
И пo некоја свадба да сe сними,
комита co пушка в рака,
султан в кочија
и народ кај темане прави,
да се снимат конзули на бал
и старица што co вретено преди...
Историјата има магија на молчење,
скриена легенда
на битолска гордост,
вика мајсторот,
Манаки вика:
Екселенцијо, момент!
Панде Манојлов